Музика и танц - категорија

валс повеќе

Види и: валцер (м.)
мн. валсови
Вид збор: Именка, машки род
валцер
Англиски: waltz

валсува повеќе

Види и: валцер (м.)
валсуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Игра, танцува валцер.

валцер повеќе

мн. валцери
Вид збор: Именка, машки род
Танц во такт од три четвртини.
Англиски: waltz Германски: Walzer Албански: vals
Музичка композиција за тој танц или концертна композиција во тој стил.
Англиски: waltz Германски: Walzer Албански: vals

варијација повеќе

мн. варијации
Вид збор: Именка, женски род
Ритмичка, мелодиска или хармониска промена на една тема и нејзино вкрстување.
Англиски: variation Албански: variacion

вергл повеќе

мн. вергли
Вид збор: Именка, машки род
Механички музички инструмент на кој со вртење на рачката се свират секогаш исти мелодии.
Германски: Wurlitzerorgel

вергла повеќе

верглаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Свири на вергл.
Албански: luan në vergël, në barel

верглаш повеќе

мн. верглаши
Вид збор: Именка, машки род
Свирач на вергл.
Албански: muzikant në vergl, në barel

вибрато повеќе

Вид збор: Именка, среден род
варирање на тонот
Англиски: vibrato

вибрафон повеќе

мн. вибрафони
Вид збор: Именка, машки род
Ударен музички инструмент со вибрирачки тонови.
Англиски: vibraphone

виљушка повеќе

мн. виљушки
Вид збор: Именка, женски род
Челична направа која при треперење дава одредени вибрации со кои се дава интонација, дијапазон.
Англиски: tuning fork Албански: diapazon, varg

виола повеќе

мн. виоли
Вид збор: Именка, женски род
Гудачки инструмент со четири жици, по големина и според тонскиот регистар помеѓу виолина и виолончело.
Англиски: viola

виолина повеќе

мн. виолини
Вид збор: Именка, женски род
Гудачки инструмент со четири жици, највисок според тонскиот регистар од сите гудачки инструменти.
Англиски: violin

виолинист повеќе

мн. виолинисти
Вид збор: Именка, машки род
Свирач на виолина.
Англиски: violinist

виолински повеќе

виолинскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на виолина.

виолист повеќе

мн. виолисти
Вид збор: Именка, машки род
Свирач, уметник на виола.
Англиски: viola player

виолончелист повеќе

мн. виолончелисти
Вид збор: Именка, машки род
Свирач, уметник на виолончело.
Англиски: cellist

виолончело повеќе

мн. виолончела
Вид збор: Именка, среден род
Гудачки инструмент со четири жици, по тонскиот регистар меѓу контрабас и виола.
Англиски: cello

виртуоз повеќе

мн. виртуози
Вид збор: Именка, машки род
Врвен репродуктивен уметник, во прв ред музичар, кој совршено владее со техниката на својата уметност.
Англиски: virtuoso Албански: virtuoz

висина повеќе

мн. висини
Вид збор: Именка, женски род
Особина на звукот која зависи од бројот на треперењата на изворот во секунда.
Англиски: height Албански: lartësi

вокал повеќе

мн. вокали
Вид збор: Именка, машки род
Пејач во музички состав.
Англиски: vocalist Албански: vokal, vokalist

вокален повеќе

вокалниот
Вид збор: Придавка
Што се пее или е направен за пеење.
Англиски: vocal

вокализа повеќе

мн. вокализи
Вид збор: Именка, женски род
Вокална композиција напишана како вежба за пеење без текст, во која се пеат само вокали.

вокализира повеќе

вокализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претстави, претставува со гласови, со пеење.
Англиски: vocalize Албански: vokalizoj

вокалист повеќе

мн. вокалисти
Вид збор: Именка, машки род
Пејач, тој што има добар глас за пеење.
Англиски: vocalist Албански: vokalist
Изведувач на вокална музика.
Англиски: vocalist Албански: vokalist

волумен повеќе

мн. волумени
Вид збор: Именка, машки род
Опсег, силина на глас или на звук.
Англиски: extent Албански: volum zëri
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш